На 18.11.2026 во 00:10 часот во СВР Тетово, 38-годишен жител на тетовско Мерово пријави дека на 17.11.2026 околу 21:30 часот пред продажен објект во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од 26-годишен жител на истото село.
На 18.11.2026 во 01:00 часот 26-годишникот сам се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што бил задржан за понатамошна постапка, по што ќе следува соодветен поднесок.


