Воен авион „МиГ-29“ на српското Воено воздухопловство се урна утрово околу 8:45 часот во близина на Стара Пазова, северозападно од Белград. Министерството за одбрана на Србија потврди дека во несреќата загинал пилотот, мајорот Горан Булајиќ.
Авионот припаѓал на 204. воздухопловна бригада. На местото на несреќата биле испратени воена полиција, полиција, противпожарни екипи и итна медицинска помош. За настанот бил известен и надлежниот јавен обвинител.
Министерството формирало комисии што треба да ги испитаат околностите и причините за падот. Причината за несреќата засега не е официјално утврдена.


