СВР Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 05.11.2026 во угостителски објект во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол „Титан“ калибар 7,65 мм со рамка и муниција.


