Centar.mk
фото Уставен Суд
-МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателот на Уставен Суд, Костадиновски до сите граѓани по повод Денот на Уставот

Честитка од претседателот Костадиновски до сите граѓани по повод Денот на Уставот:

Почитувани граѓани,

Денеска, 17 ноември одбележуваме 35 години од донесувањето на Уставот. Денеска ве повикувам сите заедно, секој еден од нас да се обврземе на вистинска посветеност кон уставните вредности.

фото Уставен Суд

Овој значаен јубилеј е потсетник дека силата на Уставот не лежи само во неговите одредби на хартија, туку и во нашата колективна свест, одговорност и посветеност кон вредностите коишто тој ги гарантира.

Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината.
Изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација. Тоа е најдостоинствениот начин да го почитуваме заветот на нашите предци и да обезбедиме иднина за поколенијата кои доаѓаат после нас.

Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава.

Нека ни е честит Денот на Уставот!

фото Уставен Суд

Можеби ќе ве интересира

Конески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нив

ДЕСК

СО 2,22 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ИЗЛЕТАЛ СО ЧЕТИРИЦИКЛ ОД КОЛОВОЗОТ ВО ОХРИД – Полицијата го приведе 41-годишникот и го одзеде возилото

ДЕСК

СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОПРУГАТА СО КОЈА СЕ РАЗВЕДУВА – Полицијата приведе 56-годишник во Кичевско

ДЕСК