Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против 51-годишен жител на с. Долно Јаболчиште, Општина Чашка, и 54-годишен жител на с. Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 29.09.2026 во атарот на с. Русиново, беровско, на место викано „Мамутлија“, првопријавениот, по налог на второпријавениот, извршил бесправна сеча на дрва без соодветна документација, со што причиниле материјална штета од 151.560 денари.


