На 15.11.2026 во 15:18 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 59-годишен жител на Битола.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите по пад од објект на кој работел. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.


