Centar.mk
СВЕТ

ОКОЛУ 350.000 ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ПРАГА – Граѓаните бараат независност на јавните медиуми

Стотици илјади граѓани се собраа на масовен протест во Прага против планот на чешката влада да го промени начинот на финансирање на јавната телевизија и радио. Организаторите проценија дека на собирот учествувале околу 350.000 луѓе, што го прави еден од најголемите протести во Чешка во последните години.

Протестот се одржа на платото Летна, а беше организиран од граѓанското движење „Милион моменти за демократија“. Критичарите предупредуваат дека укинувањето на претплатата и финансирањето на јавните медиуми директно од државниот буџет може да ја зголеми политичката зависност на редакциите и да ги намали нивните средства.

Владата на премиерот Андреј Бабиш ги отфрла обвинувањата дека сака политичка контрола врз јавните медиуми и тврди дека промените се насочени кон поефикасно финансирање. Организаторите на протестот, пак, бараат повлекување на предложените измени.

Можеби ќе ве интересира

ЕСТОНИЈА ПЛАНИРА ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА – Обвинувања за обид за саботажа врз одбранбена компанија

ДЕСК

ТРИ ТРГОВСКИ БРОДОВИ ПОГОДЕНИ СО ДРОНОВИ КАЈ РОМАНИЈА – Без жртви, но расте загриженоста за Црното Море

ДЕСК

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС КАЈ ФИЛИПИНИТЕ – Официјалната јачина ревидирана на 5,4 степени, се очекуваат последователни потреси

ДЕСК