Centar.mk
фото МОЗ
МАКЕДОНИЈА

„Ноемвриските празници“, Ферати: Да се потсетуваме на минатото, да ја градиме иднината

Ноемвриските празници се многу повеќе од историски датуми во нашиот календар. Тие претставуваат темелни моменти од нашиот национален пат, од борбата за јазикот, идентитетот, образованието, културата и слободата.

Токму во овој контекст сакам да се осврнам на едно прашање што го сметам за суштинско: во нашата историја, образованието било многу повеќе од процес на пренесување знаење. Тоа било инструмент за зачувување на јазикот, градење на свеста и овозможување на општествениот развој.

Во овој историски пат, токму од местото каде што се наоѓаме денес, вреди да се потсетиме и на придонесот на Арбен Џафери за основањето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, како и на истакнатата личност на Ернест Колиќи, кому му сме благодарни за неговите заслуги во проектот за образованието и воспитувањето на Албанците во Македонија. Исто така, во овој контекст, посебни заслуги имаат и првите вработени во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, кои со голема пожртвуваност го одржаа во живот оваа институција.

Во иднина, се надевам дека ќе го видам овој Институт како активен центар на научната мисла, истражувањето, документирањето и промовирањето на нашето наследство. Тој треба да продолжи да поттикнува дебати, да создава идеи, да ги поврзува истражувачите и да гради мостови на соработка со академските институции и универзитетите во земјата и надвор од неа.

Како министер за односи меѓу заедниците, сметам дека е особено важно културата и наследството да се гледаат и како простори за комуникација, меѓусебно запознавање и разбирање меѓу заедниците што живеат во нашата земја. Нашата културна разновидност не треба да се гледа како причина за поделби, туку како богатство и потенцијал за заеднички развој на општеството.

Да ги искористиме овие празници не само за да се потсетиме на она што го направиле генерациите пред нас, туку и за да размислиме за она што ние треба да го направиме денес.

Честити Ноемвриски празници!

фото МОЗ

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Власта свесно го запира европскиот пат – ова е на ниво на државен удар!

ДЕСК

Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид, ги повикувам надлежните институции да постапат

ДЕСК

Филипче: Власта ја оддалечува државата од ЕУ, младите ја бараат иднината токму таму

ДЕСК