СВР Скопје поднесе кривична пријава против 46-годишен жител на Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 22.06.2025 на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, во кое имало уште две лица од Кавадарци, при што бил пронајден и одземен хероин.


