На 15.11.2026 во 10:00 часот во Полициското одделение Новаци, 72-годишен жител на Битола пријавил дека во близина на Река Црна во с.Новаци забележал две гранати.
Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал гранатите, при што било констатирано дека се работи за една артилериска граната калибар 75 мм и една артилериска граната калибар 105 мм од Првата светска војна.


