Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА – Полицијата во Струга уапси 56-годишник и му го одзеде „фолксвагенот“

Денеска (15.11.2026) во 02:30 часот во Струга, полициски службеници го лишија од слобода лице на возраст од 56 години од струшкото село Корошишта.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски таблички, кое тој го управувал и притоа било констатирано дека против него била изречена заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

Возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ОХРИД ПРЕД ЗОРИ – Уапсен 31-годишник по пријава дека ја нападнал девојката

ДЕСК

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД – Повеќе лица физички се пресметале, па избегале од местото

ДЕСК

СОСЕДСКА ПРЕСМЕТКА КАЈ БИТ ПАЗАР – 35-годишна жена пријавила напад од две соседки

ДЕСК