Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:
Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.
Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.
Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.
Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале?Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?
Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.
Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.


