Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Се размотува клопчето околу Алта Банка и причините зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи со „алта банка“.

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети.

Додека СДС глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград.

Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со „Алта банка“.

Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува „АС Сењак“, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од „Алта банка“ во Белград.

Сега прашањето е дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДС и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка?

Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите?

Особено симптоматично е што СДС денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери.

Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо.

Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции.

Кој ја отвори вратата за „Алта банка“, кој имал корист и зошто СДС денес молчи за своите функционери? Граѓаните заслужуваат одговори.

Можеби ќе ве интересира

ОД УТРЕ ЗАТВОРАЊЕ НА ВАЖНА КРСТОСНИЦА ВО СКОПЈЕ – Сообраќајот ќе се пренасочува, еве од колку часот

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Наспроти лагите и манипулациите на СДС и Филипче, фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банка

ДЕСК

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

ДЕСК