На 13.11.2026 во 22:30 часот во село во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициската канцеларија Македонска Каменица лишија од слобода 22-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани и физички го нападнал неговиот 30-годишен брат.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.


