Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ 15-ГОДИШНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ – Полицијата го привела во присуство на родител и педагог

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка.

Малолетникот бил задржан во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

БМВ, МАРИХУАНА И ПОЛИЦИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ШТИП – Приведен 24-годишник од Карбинци

ДЕСК

СО „ФОРД“ НАТОВАРЕН СО ДРВА СЕ ОБИДЕЛ ДА УДРИ ШУМСКИ ПОЛИЦАЕЦ – Не застанал на даден знак и побегнал, приведен 53-годишник

ДЕСК

ВРАБОТЕН ВО МВР ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗАКАНИ – Му се заканувал на скопјанец поради недоразбирање со синот, се најавува и суспензија

ДЕСК