Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Има три големи несреќи Скопје Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради.

Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години каде потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје.

СДС повторно се обидува преку политички прес-конференции да ја замени реалноста со празни обвинувања. СДС е партијата која со години имаше можност да го развива Скопје, а наместо тоа остави зад себе нефункционален систем.

Граѓаните многу добро паметат во каква состојба беше градот по годините на управување на СДС. Немаше реализирани проекти, Скопје доби блокади, неисполнети ветувања, проблеми во јавните претпријатија и наталожени инфраструктурни проблеми.

Особено лицемерно е СДС да зборува за транспарентност и јавни набавки, без притоа да даде одговор за сопственото управување и за состојбите што ги остави зад себе. Ако имаат конкретни докази за незаконитости, нека ги достават до надлежните институции, наместо да шират сомнежи преку политички обвинувања.

Денес, кога се преземаат чекори за надминување на наследените проблеми и за реализација на нови проекти, СДС повторно шири само демагогија.

Денес Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор.

Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, на преостанатата делница од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, влегува во својата завршница – до крајот на оваа година, а може и пред зададениот рок, 100.000 наши граѓани ќе возат по целосно проширен, модерен и безбеден булевар на чија изградба се чекаше повеќе од 30 години.

Привршува изградбата и на сложената клучка на Момин поток, проект од особено значење за развој на три општини. Забрзано се работи на ставањето во функција на булеварот Македонија, првата подземна сообраќајница во Скопје, улиците што ќе се слеваат кон подземната сообраќајница се прошируваат и се адаптираат за очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, а се продолжува со градежните работи на другите фази од проектот.

Во Карпош, се поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ преку новиот мост на реката Вардар, која ќе биде готова до крајот на оваа календарска година. Се расчистува и трасата на булеварот АСНОМ низ населбата Ќерамидница, со цел конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

На Скопје му требаат решенија, а не политичко лицемерие од СДС кои со години имаа можност да работат, а не испорачаа резултати.

Можеби ќе ве интересира

СО БМВ НИЗ ГЕВГЕЛИЈА И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ЗА ВОЗЕЊЕ – Полицијата приведе 55-годишен скопјанец

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА УПАДНАЛА ВО ДОМОТ НА 56-ГОДИШНИК ВО ВАЛАНДОВСКО – Пронајдени ловечка пушка „Застава“ и муниција без дозвола

ДЕСК

Одбележан Денот на Инженерискиот баталјон

ДЕСК