Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 30-годишен жител на Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Пријавениот насилно влегол во канцеларија на јавен обвинител во ОЈО Гостивар и упатувал закани, а потоа во ходник во Основниот суд Гостивар со остар предмет нападнал судски полицаец.


