На 12.11.2026 во 11:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на сервисна улица во поранешниот комплекс Отекс се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 47-годишен жител на Струга, и велосипед управуван од 73-годишна жена од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 73-годишната жена, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.


