Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Известување за воведување на нови светлосни сигнали на крстосница улица„Скупи“ со улица„Љубљанска“

ЈП Улици и патишта Скопје, ги известува граѓаните дека во недела на 15.11.2026 година со почеток во 8 часот наутро, на крстосницата помеѓу улиците „Скупи“ и Љубљанска“, ќе започне со демонтажа на семафорски портални и обични столбови и семафорска опрема. Овие активности ќе се реализираат согласно одобрен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај за воведување на нови светлосни сигнали на крстосницата.

Сообраќајот ќе биде комплентно затворен по правец и истиот целосно пренасочен по околната улична мрежа. Времениот режим ќе важи до завршување на активностите, а сообраќајот ќе се одвива со помош на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема. На истите приоди ќе има поставено и лица од ЈП Улици и патишта за физичка регулација на сообраќајот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да бидат трпеливи и да се прилагодат на новонастанатите услови на патот, во целост почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖУВА 82 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО – Свечености, почит за борците и доделување награди

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА ПРЕПИСКА ЗА „АЛТА БАНКА“ – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивставени тврдења

ДЕСК

Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави

ДЕСК