Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фрчкоски: Савески да постапи веднаш: Славески да се тргне од функцијата за да се заштитат доказите!

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција го повика обвинителот Савески веднаш да постапи по поднесените кривични пријави од СДСМ, за Алта банка, да преземе мерки на претпазливост вклучително и привремена забрана за вршење на должноста на гувернерот на Народната банка, Славески. Фрчкоски укажа дека по избивањето на огромниот скандал со Алта банка, наместо институционална одговорност, јавноста гледа панични обиди на премиерот Мицкоски да ја заштити банката на Вучиќ и да го заташка случајот.

„Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски“, рече Фрчкоски.

Фрчкоски нагласи дека постојат основани сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

„Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија.Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има информации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?“, рече Фрчкоски.

Тој додаде дека Обвинителството мора да постапува независно, без политички влијанија и притисоци од власта, и дека Мицкоски го копира моделот на Вучиќ, и врши притисок на Обвинителството.

„Сега на ред е обвинителот Савески веднаш да постапи по кривичната пријава.Затоа Савески мора да покаже дека работи независно и по закон. Мицкоски го копира моделот на Вучиќ, врши притисок врз Обвинителството, дава задача. На јавноста веќе ѝ е јасно дека лажел и дека тој лично е одговорен за банката на Вучиќ.Обвинителството мора да работи според законот и да постапува“, рече Фрчкоски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за Алта банка: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве

ДЕСК

Јаневска во посета на Јапонија: отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката

ДЕСК

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во Инџиково

ДЕСК