Centar.mk
фото Министерство за здравство
-МАКЕДОНИЈА

ДРАМА ВО КАЗИНО – Двајца мажи тешко повредени со остар предмет додека разделувале тепачка, едниот префрлен во Скопје

На 13.11.2026 во 01:45 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од остар предмет биле донесени 48-годишен жител на с. Брвеница и 50-годишен жител на с. Сараќино, тетовско.

Според пријавеното, со повредите се здобиле при обид во казино во Тетово да ги разделат 44-годишен жител на с. Џепчиште и 33-годишен жител на с. Требош, кој бил со двајца 26-годишници од Требош, кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Поради сериозноста на повредите, 48-годишниот жител на Брвеница е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека 50-годишниот жител на Сараќино е задржан на лекување во Клиничка болница Тетово.

Во врска со настанот, во 03:45 часот од слобода е лишен 34-годишен жител на с. Требош, вработен во казиното, поради сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „насилство“.

Статус на лице лишено од слобода има и 44-годишниот жител на Џепчиште, кој поради влошена здравствена состојба е задржан под полициски надзор во Клиничка болница Тетово.

Утрово, во 08:50 часот, во Полициската станица Тетово сами се пријавиле 33-годишниот и двајцата 26-годишни жители на Требош и биле задржани за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВСКО – Татко фрлил тврд предмет кон својот 26-годишен син, кривична пријава за загрозување на сигурноста

ДЕСК

МАЈКA ДРЖЕЛА ТУЃО ДЕТЕ ЗА РАЦЕ, А НЕЈЗИНИОТ СИН ГО НАПАДНАЛ СО ТВРД ПРЕДМЕТ – Вознемирувачка пријава за инцидент во училишен двор во Скопје

ДЕСК

ВООРУЖЕНИ ЗАКАНИ ВО КУЌА ВО ШТИПСКО – На шест лица им одзеле лаптопи, телефони, пари и документи, кривична пријава за тројца турски државјани

ДЕСК