Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ВО БИТОЛСКА ФИРМА – УЈП наложила уплата од 501.765 денари, кривична пријава за управителот и компанијата

СВР Битола поднесе кривична пријава против 69-годишен жител на Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Првопријавениот, управител на правното лице, за 2024 година одбегнал делумно плаќање на данок на добивка, поточно прикажал расходи, а потоа во книговодствената евиденција не приложил веродостојна документација или спецификација на трошоци со која би се утврдило за кој период и за што се однесуваат прокнижените расходи.

Од УЈП е извршена контрола и донесено е решение со кое на правното лице му е наложено да изврши уплата на вкупна сума, заедно со пресметана камата, во износ од 501.765 денари.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРИВЕДЕ ВО СЕЛО ВО ГОСТИВАРСКО – Кај двајца 23-годишници пронајдена марихуана

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ОХРИД – „Пежо“ се судрило со велосипед, 73-годишна жена со тешки повреди

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ КОН ГРЦИЈА – „Рено лагуна“ се судрило со велосипед, 64-годишник со тешки повреди

ДЕСК