Centar.mk
РЕГИОН

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БУГАРИЈА – Бројот на загинати се искачи на 12

Бројот на загинати во големите верижни сообраќајни несреќи на бугарскиот автопат „Тракија“ се искачи на 12. Утрово во болницата во Сливен починал 50-годишен маж, кој бил во исклучително тешка состојба по судирите од 10 ноември.

Во двете несреќи учествувале вкупно 86 возила. Бугарската Национална истражна служба најави дека во постапката ќе бидат испрашани околу 100 лица, а се планирани и десетици судско-медицински прегледи.

Истражителите треба да утврдат дали движењето на еден романски камион имало улога во предизвикувањето на судирите, како и влијанието на густата магла и намалената видливост. Засега нема конечен официјален заклучок за причината за трагедијата.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ПРВА РАКОВОДНА ОСТАВКА ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ЗАГРЕБ – Директорката ја напушта функцијата

ДЕСК

ММФ ЈА СТАВИ ЦРНОГОРСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОД ЛУПА – Започна годишната мисија

ДЕСК

ЕУ Ѝ ДАДЕ ВРЕМЕ НА ЦРНА ГОРА ДО 2030 ГОДИНА – Производителите мора да ги исполнат стандардите за храна

ДЕСК