Тригодишно момче почина утрово во Сплит по пад од височина, потврдија хрватските полициски и здравствени служби. Итната медицинска помош го пренела детето во болница со тешки повреди, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Според достапните информации, првата пријава за настанот полицијата ја примила нешто по 7 часот. На местото биле испратени итни служби, а потоа започнал полициски увид.
Причината за падот и точните околности сè уште не се утврдени. Хрватската полиција продолжува со истрагата и засега нема основа да се шпекулира за причините или евентуалната одговорност.


