Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Шукова: Мицкоски излажа за Алта банка, одговорност мора да има

Наместо одговори на сериозните прашања за Алта банка, ВМРО ја дефокусира јавноста со напади врз СДСМ и манипулации со документи, со кои постојано мафта, но никој не сака да ги прочита и да ја објасни нивната вистинска содржина.

Додека власта ја злоупотребува точката 57 од владиниот заклучок од 2023 година за политички напади, прашањата за сомнителниот капитал, растот на активата и контролата врз банката остануваат без одговор, потенцираше Каја Шукова, претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во гостувањето во „24 Анализа“.

„Секогаш кога ВМРО има криминал, најлесно е да се нападне СДСМ“, истакна Шукова, нагласувајќи дека и по одржаната надзорна расправа власта не даде конкретни одговори на клучните прашања за случајот со Алта банка.

Осврнувајќи се на обидите на ВМРО да го поврзе СДСМ со наводно тргување со акции на Алта банка, Шукова потенцираше дека вистината е спротивна на лагите на ВМРО.

„Значи, апсолутна лага и сериозна манипулација е да се претставува дека Владата на СДСМ тргувала со акции. Напротив, кога државата дознава дека акциите се откупени без согласност на Владата, носи заклучок и го задолжува единствениот орган кој ги штити интересите на државата – Државното правобранителство. Да ги штити граѓаните“, посочи Шукова.

Таа нагласи дека станува збор за мал процент акции што државата ги поседувала како наследство од банкарскиот систем на поранешна Југославија, а не за тргување со акции од страна на Владата на СДСМ.

„Јавноста треба да знае што навистина се случува и да не ја дефокусира власта со вакви инсинуации. Кога имаме документи кои јасно покажуваат што државата, односно Владата во тоа време побарала од Државното правобранителство, треба да се зборува врз основа на тие документи“, истакна Шукова.

Шукова потенцираше дека прашањата за Алта банка не се поставуваат од вчера, ниту само во периодот по настанувањето на проблемот со банката, туку дека СДСМ веќе подолг период отвора прашања за влезот на сомнителен капитал во државата и потребата од соодветни проверки.

„Активата на Алта банка била зголемена тринаесет пати, а во целиот банкарски сектор за два пати. Дали тоа не ви е сомнително? Објаснете им на граѓаните“, порача Шукова.

Таа нагласи дека станува збор за легитимни прашања кои мора да добијат институционални одговори, особено кога станува збор за банкарскиот сектор, сигурноста на финансискиот систем и депозитите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Димитриевиќ: СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!

ДЕСК

Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка

ДЕСК

ОДЛУКИТЕ ЗА „ЛАСКАРЦИ“ И МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ГИ ФРУСТРИРААТ ГРАЃАНИТЕ – Мицкоски со остри критики

ДЕСК