Цената на електричната енергија за домаќинствата во Северна Македонија е значително пониска од просекот во Европската Унија, што очигледно владините политики значат поевтина струја за нашите граѓани. Податоците на Евростат за првата половина од 2026 година покажуваат двојно поевтина од просекот на ЕУ. Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Сител ја истакнува определбата да се задржат што е можно пониски цени во услови на неизвесност. Тој посочи дека просечната цена во Македонија изнесува 11,68 евроценти за киловат-час, додека просекот во ЕУ достигнал 28,32 евроценти.
Тоа значи дека просечната цена на електричната енергија во ЕУ била повеќе од двојно повисока од онаа во Македонија. Меѓу земјите со највисоки цени се Ирска со 38,7 евроценти за киловат-час, Германија со 36,2 и Белгија со 35,8 евроценти.
Овие податоци се важни во услови на продолжена енергетска неизвесност и високи цени на енергетските пазари. Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Сител истакна дека Владата презема активности за да се спречат големи ценовни скокови и да се заштити стандардот на граѓаните.
Според најавите на премиерот, се подготвува модел за справување со можните сценарија во текот на зимата, со цел да се обезбеди стабилност на снабдувањето и да се избегнат нагли зголемувања на трошоците за домаќинствата.


