Centar.mk
СВЕТ

АМЕРИКАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ВО МОСКВА – Виткоф и Кушнер бараат нов исчекор во преговорите за Украина

Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер пристигнаа во Москва на нова дипломатска мисија поврзана со војната во Украина. Тие треба да разговараат со рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на преговорите во Абу Даби, каде што беше постигната начелна согласност за размена на заробеници, но не и договор за прекин на огнот. На средбите треба да се разгледуваат територијалните прашања, безбедносните гаранции и можноста европските држави да добијат директна улога во мировниот процес.

По посетата на Москва, американските претставници планираат да го информираат украинскиот претседател Володимир Зеленски за разговорите, во рамките на европскиот собир во Даблин. Киев инсистира дека европските партнери мора да учествуваат во одлучувањето за идниот безбедносен поредок. Засега нема потврден конечен мировен договор, а дипломатските контакти продолжуваат паралелно со воените операции.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД ВРЗ БОЛНИЦА ВО ГАЗА – Загинаа најмалку шест лица, меѓу нив дете и лекар

ДЕСК

Два танкери се погодени во Ормускиот теснец; Иран: Користеле недозволена рута

ДЕСК

Шефот на НАТО: Русија губи повеќе војници месечно отколку што САД изгубија во целата Виетнамска војна

ДЕСК