Србија денеска го одбележува Денот на примирјето во Првата светска војна, државен празник посветен на историскиот договор од 11 ноември 1918 година. Примирјето стапило во сила во 11 часот и го означило прекинот на борбите на Западниот фронт.
Празникот е посветен на сеќавањето на жртвите и историската улога на Србија во војната. Тој се одбележува со комеморативни активности и пораки за мир, а симболично се поврзува и со цветот Наталина рамонда.
На истиот датум се организираат церемонии и во други европски земји. Иако примирјето не претставувало формален мировен договор, тоа е еден од најважните датуми во историјата на Првата светска војна.


