Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Талески до Савески: Ако не сте продолжена рака на Мицкоски – постапете за лажниот исказ на надзорната расправа

mПратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Ненад Савески да постапи поради лажниот исказ на премиерот Христијан Мицкоски.

Талески нагласи дека обвинителот има можност со конкретно постапување да ја докаже својата независност и да покаже дека не е продолжена рака на власта.

„Денеска тука, од тоа исто место каде што седите вие, претседателот на Владата даде лажен исказ“, рече Талески, обраќајќи му се на Савески.

Тој посочи на документ кој ги демантира тврдењата што Мицкоски ги изнел пред собраниската комисија и го отвори прашањето за одговорноста при сведочењето на надзорната расправа.

„Еве го тој документ со којшто се демантира сето она коешто Христијан Мицкоски тука на тоа ваше место го кажа и очигледно неговите пратеници не го предупредиле дека тука кога ќе дава исказ е под кривична одговорност и затоа следува моето прашање до вас“, истакна Талески.

Пратеникот побара директен одговор дали обвинителството ќе постапи против премиерот, нагласувајќи дека токму овој случај е можност Савески да покаже независност во извршувањето на функцијата.

„Дали ќе покренете обвинение против Христијан Мицкоски за давање на лажен исказ на надзорна расправа тука во Собранието и конечно вие како јавен обвинител ќе имате шанса да докажете дека сте независен јавен обвинител и ќе имате можност да докажете дека не сте продолжена рака на Христијан Мицкоски и оваа криминална влада“, праша Талески.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

ДЕСК

ИЛЈАДНИЦИ АМАНДМАНИ ГО ЗАКОЧИЈА ЗАКОНОТ – Жестока битка за јавните набавки во Собранието

ДЕСК

Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?

ДЕСК