Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Има официјална одлука од 2023 година со која владата на СДС дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната надзорна расправа „Причини за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност “ во Собранието, посочи дека претходната влада предводена од СДС уште во 2023 година дала согласност за продажба на акции во тогашната Стопанска банка АД Битола.
,,Сведоци сме на серија политички обвинувања од СДС и пратеникот Венко Филипче, кои настојуваат целокупната одговорност за случувањата со Алта банка, да ја припишат на актуелната Влада. Нешто што можевме да го слушнеме во изминатите 120 секунди“, рече Стојаноски и додаде:

,,Меѓутоа, постои официјална одлука објавена во Службен весник број 123 од 2023 година, со која тогашната влада предводена од СДС, дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка“.

Стојаноски постави прашање до претседателот на Владата: ,,Што точно, открива одлука за постапувањето на претходната влада, дали била реализирана продажба врз нејзина основа и по што се разликува од одлуките на сегашната влада во 2026 година?“.

Можеби ќе ве интересира

ГРУБИ И БАЈРАМИ ПОВТОРНО ВО ФОКУСОТ НА СУДОТ – Продолжува процесот за „Државна лотарија“

ДЕСК

240 СВЕДОЦИ НА ОДБРАНАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ – Продолжува големиот судски процес

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

ДЕСК