Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка, потенцирајќи дека на надзорната расправа релевантните фактори покажале сериозен и квалитативен пристап при изнесување на фактите.
„Она што е добро, што денес имавме можност да имаме еден исцрпен, сериозен и квалитативен пристап од сите поканети сведоци на расправата, и имавме можност да уште еднаш ги потврдиме фактите како што се, но исто така имаше можност да се разбие една магла, што некој упорно се трудеше да ја направи и во јавноста, а и денеска неуспешно на седницата. И добро е што сите релевантни фактори денеска што имаа искази, ни помогнаа да сфатиме дека сепак има разлика од она што бевме научени порано и дека случајот со Алта банка Битола не е ниту ТАТ, ниту Лавци, ниту Алфа С, ниту пак Еуростандард и дека можеби тоа се токму причини, некогаш во некои диви времиња кога исто така државата беше предводена од СДС, да се направи регулација на овој пазар или на оваа дејност, која што ќе ме исправите ако грешам, можеби најрегулирана во сите сфери и од тој аспект токму тие се мерки, инструменти и чекори коишто се преземаат за такви случувања да не се повторат“, рече Јаревски и додаде:
„И во овој случај ниту имаме стечај, ниту имаме пропаѓање, ниту имаме неисплатени побарувања, ниту неисплатени штедни влогови итн., туку имаме мерка на администрација и каде што можеби сите констатираме дека Народната банка брзо реагирала, соодветно реагирала, ги искористила правите инструменти, секторот е стабилен, банката е ликвидна и дека имаме услови, дури и колегата спомена, мала промена во наративот во првот дел од расправата дека имаме услови каде што банката има основа да биде ставена на продажба и понатаму да функционира“.
Во однос на случувањата со Алта банка, пратеникот Јаревски посочи дека постои мерка на администрација, односно, Народна банка реагирала навремено и соодветно. Тој упати прашање до вицегувернерот на Народна банка, Игор Величковски, во однос на законската основа, односно ограничувањата кои се воведени за располагање на средствата на граѓаните и компаниите и дали се превидени олеснувања за истите.
„Исто така да ви се заблагодарам и во вашето експозе каде што обрнавте внимание и за причините и за законските основи на самата администрација што се однесува, тоа се многу важен сегмент да се направи и разлика од она мешање со термините во јавноста, но исто така би сакал и да изнесам, да ја искористам и можноста да запрашам нешто повеќе околу законската основа и практично зошто се воведуваат ограничувањата за располагање на средствата на граѓаните и компаниите. Можеби тоа е последниот сегмент да го разбиеме комплетно и да ги разобличиме овие наводи што се во јавноста, односно средствата на граѓаните и компаниите и следствено на тоа дали се предвидуваат понатаму и олеснувања во однос на располагањето на средствата на правните лица. Сметам и ценам дека уште овие два елементи доколку обратиме соодветен аспект, конкретната информација, дека некои што сакаат да прават забуни, дека некои коишто сакаат да ја однесат банката во стечај, сите нивни адути ќе бидат отстранети“, рече Јаревски.
фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


