Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Јаревски: СДС со обид за политичка манипулација за Алта банка, фактите ја демантираат нивната теза за стечај

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека одржувањето на надзорната расправа е позитивен чекор и според него настапот на СДС бил насочен кон создавање штета и наметнување сценарио за стечај на банката, какво што како што рече партијата се обидува да го преслика од претходни искуства.

„Жал ми е што не сте ја гледале целата расправа, и сметам дека најнапред е добро што се одржа надзорната расправа, јас бев еден од потписниците што баравме веднаш да имаме надзорна расправа. Бидејќи СДС си е деструктивна партија, таков им е наративот и тоа нема да се промени и нивната цел беше да направат штета, нивната интенција е оваа банка да премине во стечај, бидејќи такво им е искуството па сега се обидуваат да го пресликаат тоа и тука, а тука тоа не е случај“, посочи Јаревски.

Јаревски посочи дека на надзорната расправа биле одговорени сите поставени прашања и дека присутните дале одговори без да остават простор за нејаснотии и истакна дека претставниците на СДС побарале пауза откако биле соочени со фактите и останале без аргументи и исто така потенцираше дека штедните влогови и интересите на доверителите се заштитени со што Алта банка е ликвидна и нема опасност од стечај.

„Имаше одговор на сите прашања што беа поставени, немаше простор за ниту една нејаснотија, сите повикани дојдоа, сите одговорија на прашањата што беа поставени и фатени во нивната немоќ прв пат на надзорна расправа бараа пауза, од кога сфатија дека се разобличени, дека се извадени сите факти на површина, дека лажат и манипулираат бараат пауза“, рече Јаревски и додаде:

„Обезбедени се штедните блогови, безбедни, заштитени и доверителите, немаме стечај, немаме пропаѓање на банката. Оваа банка, Алта банка не е во стечај, не е пропадната не е судбината на Еуростандард банка кај што се даваат кредити неосновани, евтини, овде имаме друг случај, заштитени се и штедните влогови и интересите на доверителите. Банката е ликвидна, ситуацијата е стабилна и очекуваат дека ќе биде продадена, интерес за купување на банката има“.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

ДЕСК

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се многу повисоки, правиме се за да плаќаме најевтино што можеме

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИЗДВОИ 24.400 ЕВРА ЗА ЕВРОВИЗИЈА? – Отворено прашањето за учеството

ДЕСК