СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишен државјанин на Таџикистан, со привремен престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Според информациите од полицијата, на 8 октомври 2026 година, пријавениот до Отсекот за странци и реадмисија во Тетово доставил две исправи со невистинита содржина, со цел да го продолжи својот привремен престој во државата.
По преземените мерки и документирањето на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишникот.


