На 9 ноември 2026 година, во 18:10 часот, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 53-годишен жител на Битола во селото Горно Оризари.
Според информациите од полицијата, при извршениот преглед кај мажот била пронајдена прашкаста материја, по што тој бил приведен.
Од СВР Битола информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


