Centar.mk
фото ВМРО ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

Прес конференција на Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ:

Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите.

Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле реализирани трансакции во вредност од 110 милиони евра, сомнителни пари од Венецуела која тогаш беше под санкции.

Дополнително, трансакциите поминувале или стигале до земјите како Русија, Белорусија и Србија.

Каде се Филипче и Заев, таму има руски, белоруски и српски влијанија.

Затоа кај СДС работи Фројд, мислат дека сите имаат задни намери како што имаа тие.

За разлика од нив, денес имаме влада која заштитува банка и штедачи, а не ги банкротира банките или пак ускратува штедачите.

Тоа е главната разлика. Не сме сите исти.

фото ВМРО ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?

ДЕСК

Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки, што е тој премиер или дилер за продажба на Алта банка?

ДЕСК

2.158 АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – По претседателското вето следува нова собраниска расправа

ДЕСК