Centar.mk
youtube.com/watch?v=yL4HijACodI&feature=youtu.be
МАКЕДОНИЈА

Мециновиќ: Фондот за здравство нема демократски легитимитет да задира во веќе стекнатите права на работниците – ДПМНЕ не го поддржа предлог-законот на Левица и ги остави работниците на милост и немилост на ФЗО

Мециновиќ: Фондот за здравство нема демократски легитимитет да задира во веќе стекнатите права на работниците – ДПМНЕ не го поддржа предлог-законот на Левица и ги остави работниците на милост и немилост на ФЗО

Пратениците на ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на Левица за измени на Законот за здравственото осигурување, со кој се предвидуваше законска заштита на веќе стекнатото право на седумдневно основно боледување. Со ова, владејачкото мнозинство одби да постави законска граница на самоволието на Фондот за здравствено осигурување, оставајќи простор работничките права и понатаму да се стеснуваат преку правилници и административни одлуки.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, во своето собраниско обраќање потенцираше дека предложените измени не предвидуваат нови привилегии или дополнителни обврски за државата, туку заштита на права кои работниците веќе ги имаат, а кои институциите постепено ги ограничуваат преку подзаконски акти.

Повод за законските измени беше интервенцијата на директорот на ФЗО, Перински, кој најави намалување на периодот за основно боледување кај матичниот лекар од седум на пет дена без дополнителни дијагностички критериуми. Иако Фондот ваквата одлука ја претставуваше како „медицинска модернизација“, Мециновиќ го постави суштинското прашање: ако правото на боледување останува непроменето, зошто се менуваат условите за неговото остварување?

Мециновиќ предупреди дека ваквите интервенции отвораат опасен преседан – денес основното боледување се намалува од седум на пет дена, а утре некој друг директор може произволно да одлучи дека доволни се три или два дена. Притоа, Фондот не понуди јасни анализи и медицински аргументи врз основа на кои се оправдува дополнителното условување на боледувањето уште од шестиот ден.

Во своето обраќање, Мециновиќ се осврна и на најавените контролни механизми, особено можноста за контроли по пријава на работодавачот. Тој предупреди дека во услови на нееднаква економска моќ меѓу работникот и работодавачот, ваквите механизми можат да се претворат во инструмент за притисок, одмазда и таргетирање на работниците кои бараат исплата на прекувремена работа, се спротивставуваат на злоупотреби или се осмелуваат синдикално да се организираат.

„Фондот нема демократски легитимитет да задира во веќе стекнатите права на работниците“, истакна Мециновиќ, нагласувајќи дека Собранието има морална и институционална обврска да ги заштити работничките и социјалните права од самоволни одлуки на функционери.

Наместо да го заштити работникот, ДПМНЕ со своето негласање остави простор за понатамошно административно ограничување на неговите права. Ваквиот однос ја разоткрива суштинската разлика меѓу две политички концепции – едната која работникот го третира како трошок во процесот на создавање приватен профит и другата која го препознава како човек со достоинство и право на сигурна егзистенција.

Левица останува на ставот дека веќе стекнатите работнички права мора да бидат гарантирани со закон, а не оставени на волјата на директори и бирократи. Боледувањето е социјално право, а не привилегија која власта може да ја ограничува со еден потпис.

Можеби ќе ве интересира

Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка

ДЕСК

Крмов: Владата ги жртвува капиталните инвестиции за да ги покрие тековните буџетски обврски – 90% од буџетот одат за плати, пензии и долгови

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа

ДЕСК