Centar.mk
СВЕТ

ДЕЦА МЕЃУ ЖРТВИТЕ НА ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ВО ГАЗА – Над 26.000 семејства побарале помош по уништувањето на засолништата

Обилните дождови и силниот ветер предизвикаа поплави и уривање привремени засолништа во Појасот Газа, соопштија Обединетите нации на 10 ноември. Според локалните власти, три деца и две жени загинале кога песочна дина се урнала врз шатори западно од Деир ал Балах. Одделно е пријавен и случај на удавено доенче.

До 8 ноември хуманитарните организации примиле барања за помош од повеќе од 26.000 домаќинства. Според првичните процени, уништени се над 6.000 семејни засолништа, а илјадници други се оштетени. ОН предупредуваат дека околу 1,4 милиони луѓе живеат во шатори или импровизирани живеалишта што не обезбедуваат доволна заштита од зимските услови.

Можеби ќе ве интересира

Медиуми: Нетанјаху паничи? „Секој ден му се јавува на Трамп и го убедува да го нападне Иран“

ДЕСК

Два патнички авиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес: виновни се пилотите на „Ер Франс“

ДЕСК

Француското претседателство: Нема договор за Украина без Европејците

ДЕСК