Centar.mk
ЛОКАЛНО

ИЗРЕЧЕНИ КАЗНИ ОД 1.850 ЕВРА ПОПЛАКИ ЗА ГРАДИЛИШТЕ – Општина Центар потврди неправилности

По реакциите на жители во Скопје за градилиште на улицата „Адолф Циборовски“, општинските инспектори утврдиле неправилности и изрекле парични казни. Според информациите на Општина Центар доставени на 9 ноември, правното лице е казнето со 1.500 евра, а одговорното лице со дополнителни 350 евра.

По поплаките и медиумските реакции, инвеститорот поставил заштитна ограда, мрежа и информативна табла околу градилиштето. Жителите и натаму бараат решение за бучавата и прашината. Општината наведува дека за работата за време на викенди и неработни денови надлежност има Државниот инспекторат за труд, додека комуналните инспектори можат повторно да постапат при нови пријави.

Можеби ќе ве интересира

ПОДДРШКА ЗА ЗАНАЕТИТЕ ШТО ИСЧЕЗНУВААТ – Град Скопје прима барања за субвенции до 30 ноември

ДЕСК

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод Денот на лицата со попреченост – 3 декември

ДЕСК

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија – Посилни партнерства за нови можности за Скопје

ДЕСК