Centar.mk
фото СДСМ
-МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Записникот открива: Владата на Мицкоски нудела државни акции за Давор Мацура и неговата Алта банка!

Владата на Мицкоски нудела државни акции во интерес на Давор Мацура и неговата Алта банка, покажува записникот од владината седница од 23 септември 2025 година, обвини портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

„На предлог на Кочоска, Владата на Мицкоски носела заклучоци за преземање акции од страна на Алта банка АД Белград на 16 јавни институции. Внимавајте, акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка!“, истакна Кузеска.
Кузеска потсети дека СДСМ уште пред една година предупредуваше за Алта банка, посочувајќи дека станува збор за прорежимска банка, создадена од криминални кланови и перјаница на парите на Вучиќ.

„СДСМ уште пред една година предупреди за Алта банка, дека е прорежимска банка создадена од криминалните кланови и перјаница на парите на Вучиќ. Мицкоски и Славевски ја внесоа Алта банка во Македонија, со сомнителен капитал, која сега е под стечај, без лиценца и под истрага за криминал“, посочи Кузеска.

Кузеска укажа на различните изјави и противречностите меѓу Трајко Славески и министерката Кочоска во врска со консултациите и информираноста за одлуките.

„Трајко Славевски вели имало консултации, Кочоска вели немало и не била информирана. Штом зинат, лажат. Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во Владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот“, рече Кузеска.

Кузеска укажа и на најавите за продажба на банката на нов сопственик, оценувајќи дека тоа отвора дополнителни прашања за мотивите на власта.

„Сега тие што ги носеа штетните одлуки, што овозможија влез на Алта банка, најавуваат продажба на нов сопственик. Целта е да се заташка работата, да не се открие криминалот. Власта врши притисок врз потенцијални купувачи, на една странска, а од пред некој ден и на една домашна банка. Бараме ОЈО да не чека и да не се правда дека има време. Нема време, се касни 11 месеци. Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат“, порача Кузеска.

фото/видео СДСМ

Можеби ќе ве интересира

МОТОЦИКЛИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СТУДЕНИЧАНИ – Сообраќајна несреќа меѓу „сузуки“ и автобус

ДЕСК

Фрчкоски: Мицкоски е во паника поради вистината за Алта банка, затоа се заканува на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да создава хистерија за да предизвика страв и несигурност кај граѓаните, ЈО да реагира по 315 од КЗ

ДЕСК