На 04.11.2026 во 13:00 часот на патниот правец Маврово – Дебар, кај местото викано „Присојничко анче“, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишиле од слобода 31-годишник од Крушево.
При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со косовски регистарски ознаки, кое тој го управувал. По извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото иако има изречена забрана за управување со возило. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.


