Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Ова престижно признание е доказ за посветеноста на „Тиквеш“ кон создавање автентични жестоки пијалаци со препознатлив карактер, во кои се испреплетуваат искуството, знаењето и современите производствени пристапи. Истовремено, наградата го афирмира и богатството на македонската традиција на производство на лозова ракија, потврдувајќи дека производите со внимателно негуван квалитет можат успешно да се позиционираат на меѓународната сцена.

„Spirits Selection by CMB“ е меѓународен натпревар посветен на оценување жестоки алкохолни пијалаци од целиот свет, во различни категории. Меѓународното оценување се потпира на знаењето на внимателно избрани меѓународни експерти и професионални дегустатори, со докажано искуство во делот на жестоките пијалаци. Оценувањето се спроведува преку  дегустации „на слепо“, во строго контролирани услови, при што членовите на жирито немаат информации за идентитетот на производителот, потеклото или цената на производите. На тој начин, одлуките се темелат исклучиво на квалитетот и сензорните карактеристики на секој производ.

Златниот медал за „Kumova Reserve“ е признание за ракија во која традицијата, внимателно одбраните суровини и прецизните производствени техники се надополнуваат во комплексен и хармоничен производ. Оваа премиум лозова ракија е создадена првенствено од дестилати од сортата грозје Смедеревка. Со 45 проценти алкохол, таа одлежува околу три-четири години, во комбинација од стари и нови дабови буриња, каде што постепено ја развива својата комплексност,  длабочина и препознатлив карактер.

„Kumova Reserve“ се одликува со интензивна златна боја со нежни нијанси и богат, слоевит ароматичен профил. Во мирисот се издвојуваат елегантни ароми на црвено јаболко, свежо грозје и чоколадо, со суптилен допир на ванила. Вкусот е богат и мек, со ноти на овошен џем и добро интегриран даб. Совршената рамнотежа на алкохолот и вкусот создава хармоничен и заокружен впечаток, со суптилна горчлива нота во завршницата.

Ова признание се надоврзува и на долгогодишните меѓународни успеси на вината на „Тиквеш“, кои редовно освојуваат значајни награди на најреномираните светски вински натпревари. Со просек од над 100 награди и признанија годишно, вклучително и високите одликувања на „Decanter World Wine Awards“, „International Wine Challenge“, „Mundus Vini“ и „Sakura Japan Women’s Wine Awards“, „Тиквеш“ континуирано го афирмира квалитетот и автентичноста на македонските вина на меѓународната сцена.

Можеби ќе ве интересира

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга

ДЕСК

РЕВИЗОРСКИ НАОДИ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦИ – Министерството за транспорт бара проверка од Обвинителството

ДЕСК