Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

РЕДИЦИ ПРЕД АЛТА БАНКА ВО БИТОЛА – Почна исплатата, Итната помош интервенираше кај граѓани

Шалтерската исплата на готовина во Алта банка во Битола започна на 5 ноември, но пред филијалата се создадоа редици. Според извештајот на Телма од терен, Итната медицинска помош интервенирала во неколку наврати откако на дел од граѓаните им се слошило.

Во филијалата влегувале клиентите без платежна картичка што добиле СМС-порака со термин. За нив е предвидено подигнување најмногу 20.000 денари во период од две недели, додека пред банката чекале и лица без добиена покана.

Дел од присутните барале документи за префрлање во друга банка. Во меѓувреме, опозицијата во општинскиот Совет побарала вонредна седница за средствата на јавните претпријатија и постапувањето на локалната власт.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК