СВР Велес поднесе кривична пријава против 49-годишник од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 29.10.2026 во Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени кокаин и пари.


