Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

НБРМ кажа од кога ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка

Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола.

За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку платежни сметки во банката, но немаат платежни картички.

Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максималниот износ дозволен за повлекување во период од две недели.

Од 6 ноември, вклучително и сабота 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти.

Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата. Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден, со цел да се избегнат гужви и подолго чекање.

За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.

Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина, при што нема да се вршат други видови трансакции.

Се работи на подготовка за отворање на шалтерите за пензионери и приматели на социјална помош и во други градови во земјата, за што Народната банка наскоро ќе извести.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Дали Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДС

ДЕСК

Flydubai повторно гo поврзува Скопје со Дубаи и пошироко

ДЕСК

ДОГОВОР ЗА ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА – Британија и ЕУ ги усогласија деталите за помалку гранични проверки

ДЕСК