Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НУДЕЛ ПОМОШ НА БАНКОМАТ, А ЗЕМАЛ ДЕЛ ОД ПАРИТЕ – Приведен 50-годишник во Куманово

На 02.11.2026 околу 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово приведоа 50-годишен маж од село Пчиња, кумановско. Тој бил забележан пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание тој земал дел од парите. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарната дипломатија – стратешка алатка за посилно општество и иднината на Црвениот крст

ДЕСК

Левица: Во воени зони има постабилно снабдување со струја отколку во Македонија – студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

ДЕСК

Левица: Недостатоци од лекови и колапс во јавното здравство – пациентите трпат додека Клековски тендерира

ДЕСК