Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 37-годишен маж од с. Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.
На 04.09.2026 во атар на с. Ново Село, на место викано „Бунец“, пријавениот неовластено извршил сеча на буково дрво, со што причинил штета на државниот буџет во износ од 76.519 денари.


