Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА НЕСРЕЌА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ – 17-годишник тешко повреден, повреден и неговиот 15-годишен сопатник

На 29.10.2026 во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат с. Градец, гостиварско – с. Пирок, тетовско, 17-годишник од с. Градец, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил неговиот 15-годишен сопатник од с. Градец.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

# ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР – 14-годишно дете со тешки телесни повреди по напад од врсник

ДЕСК

НОЌЕН ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВО – Викал и удирал по врата на локал, полицијата му измерила 1,32 промили алкохол

ДЕСК

КУПЕНА ПАРЦЕЛА ПРИЧИНА ЗА ЗАКАНИ – Полицијата приведе двајца гостиварци

ДЕСК