Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СООБРАЌАЈКА ВО КИЧЕВО – 19-годишник возел со 1,68 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе

На 29.10.2026 во 19:45 часот на ул. „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 19-годишен жител на Кичево.

По преземени мерки по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и патничко возило „фолксваген лупо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен жител на кичевското село Зајас, било констатирано дека 19-годишникот го управувал возилото под дејство на алкохол.

При алкотестирањето му биле измерени **1,68 промили алкохол во крвта**.

По целосно документирање на случајот, против 19-годишникот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО СТРУГА – Агресивно се однесувал кон 37-годишна жена, па ѝ го оштетил автомобилот

ДЕСК

СДСМ: Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС

ДЕСК