Centar.mk
фото Министерство за Транспорт
БИЗНИСПРОМО

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар

Поквалитетно инфраструктурно поврзување на Македонија со регионот е врвен приоритет на Владата. Како земја која нема излез на море, градиме инфраструктура што директно ќе не поврзе со три пристаништа, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на средбата со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Ова според вицепремиерот Николоски е нова можност за развој на домашната економија, трговската соработка со земјите но и нови пазари за компаниите.
“ Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, кој што значи директно поврзување со Црна Гора, автопатско поврзување и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето Бар. Имајќи предвид дека веќе имаме добра поврзаност со пристаништето Солун, градиме поврзување со пристаништето Драч и со изградбата на овој автопат ќе имаме едно одлично поврзување и со пристаништето Бар и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која што не излегува на море да имаме излез на најмлаку три пристаништа” – истакна Николоски.

фото Министерство за Транспорт

Можеби ќе ве интересира

Мерц: Европа ќе ги предводи напорите за зачувување на меѓународниот трговски поредок

ДЕСК

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година

ДЕСК

Влатко Сулев: Не е важно само колку туристи доаѓаат, туку што доживуваат, колку ќе останат и колку трошат.

ДЕСК