Centar.mk
БИЗНИС

ХРАНАТА И ГОРИВОТО ГО ДРЖАТ ПРОМЕТОТ – Другите продавници бележат пад

Новите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат значителни разлики во движењето на прометот во малопродажбата во септември 2026 година. Во трговијата со автомобилски горива номиналниот промет пораснал за 38,7 проценти на годишно ниво, а реалниот за 12 проценти.

Кај храната, пијалаците и тутунот номиналниот раст изнесува 24,1 процент, додека реалниот е 19,4 проценти. Спротивно на тоа, прометот со непрехранбени производи, без горива, бележи реален пад од 9,2 проценти.

Разликата меѓу номиналниот и реалниот промет е важна: првиот ги вклучува промените во цените, додека вториот го покажува движењето по нивното отстранување.

Можеби ќе ве интересира

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА АЛТА БАНКА – Донесена официјална одлука за учество на берзанската аукција

ДЕСК

Новата законска рамка и дигиталната платформа овозможуваат поедноставно и законско ангажирање сезонски работници

ДЕСК

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците

ДЕСК